Луѓе, Хамес не заминува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колумбиецот е поврзуван со многу клубови во овој преоден рок, но тој ќе остане во Реал Мадрид.

Хамес Родригез една година не е на свое ниво, не одигра добра сезона и тоа е причината зошто сите сакаат да му го видат грбот.

Постоеа шпекулации дека за него е заинтересиран Јувентус, па и премиерлигашки клубови.

Зидан е уморен од сите тие приказни.

„Хамес е овде. Јас сум среќен како тој играше и ќе остане овде. Уморен сум од сите тие приказни“, изјави Зидан.

Потоа, Зидан беше прашан дали ќе го засили тимот.

„Екипата е комплетна, но се може да се случи. Сепак, мислам дека нема да се засилиме“, изјави Зидан.