Лука Модриќ нов капитен на Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Анте Чачиќ соопшти денеска дека нов капитен на националниот тим е Лука Модриќ.

„Нов капитен ќе биде Лука Модриќ, а негови заменици Иван Ракитиќ и Ведран Чурлука“, рече Чашиќ, а пренесува Хина.

Модриќ, кој е капитенската лента ја наследи од Дарио Срна, прв пат капитен на Хрватска беше во пролетта 2015 година на гостувањето во Азербејџан.

Фудбалерите на Хрватска на 5 септември во Загреб го играат првиот меч во квалификациите за СП во 2018 година, а противник ќе биде Турција.

„Се надевам дека се оставивме во состојба  како што бевме на ЕП и дека со истите сили ќе го презентираме тоа што е потребно за Хрватска успешно ќе ги апсолвира квалификациите и ќе се пласира во Русија“, рече Чачиќ.

Покрај Хрватска и Турција, во групата се уште Исланд, Украина, Финска и Косово.

„Нашата група е најсилна, со четири репрезентации кои беа на ЕП, со оглед на таму прикажаното ја имаме улогата на фаворит и ќе направиме се да ја оправдаме“, рече селекторот.

Турција во Загреб доаѓа без неколку свои ѕвезди, вклучувајќи и Арда Туран.

„Турција сигурно сака да оди на СП, но не невлегувам во изборот на колегата Фатих Терим за овој натпревар.

Сигурен сум дека Турција ќе направи се за добро да влезе во квалификациите, а недостатокот на некои поединци не значи дека ќе бидат слаби“, рече Чачиќ.

Во редовите на репрезентацијата на Хрватска се враќа фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен, кој го пропушти настапот во Франција.

„За него е многу е напишано во последните шест месеци, а јас само уште на почетокот реков дека ниту еден играч или селектор нема да биде пред репрезентацијата. Сигурен сум дека Ловрен сфати зошто не беше на ЕП и нема потреба повеќе да се зборува, а има квалитет да биде со нас“, рече Чачиќ.