Мадриѓаните го имаа Погба во раце: Се откажаа од купување поради бизарна причина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во летото 2016 година го заврши без поголемо купување. Го вратија назад Алваро Мората за 30 милиони и тоа е тоа.

Расплетот е тоа од преодниот рок после што Мадриѓаните дефинитивно се откажаа од Пол Погба, и Французинот од Јувентус ќе оди во Манчестер Јунајтед.

Зделката ќе вреди околу 110 милиони евра, а Реал се повлече кога ги слушна барањата од Погба.

Годишна плата од 12 и 14 милиони евра! Тоа значи дека Французинот ќе има поголема плата од сите освен од Роналдо! Со што, како што тврдат од Реал, ќе ја наруши хиерархија,, бидејќи примањата растат со стажот во екипата.