Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонски репрезентативци до 21 година се пред голем предизвик во натпреварите против Шкотска и Северна Ирска.
Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по објавување на списокот даде изјава пред натпреварот против Шкотска кој ќе се игра на 2-ри септември.
„Составот за натпреварите кои ни следуваат против Шкотска и Северна Ирска е ист како и на претходните две пресметки против Франција и Украина. Натпреварите се значајни, немаме простор, а ниту време за експериментирање или обука на нови играчи. Овие фудбалери во тековните квалификации играат одлично и ова е еден вид награда за оствареното досега. Знаат каква е атмосферата, што се бара од нив и подготвени се тактичките замисли да ги работат на тренинг и применат на натпревар“, изјави Милевски.
Милевски се соочува и со проблеми со повредени фудбалери, а поради таа причина не е повикан напаѓачот Виктор Ангелов кој игра за Ујпешт.
„Се соочуваме со здравствени проблеми, Ангелов стори се што е во негова моќ за да се стави на располагање, но дефинитивно повредата го спречува. Ја следиме ситуацијата со Радески и Амановиќ кои исто така имаат проблем со повреди, но се надеваме дека ќе можат да се стават во функција на тимот. За мене најважно е и по натпреварите кои играчите ги имаат викендов да останат здрави и целосно да се посветат на репрезентативните настапи“, додаде Милевски.
Селекторот очекува тежок натпревар против Шкотска која има фудбалери кои играат во поголеми клубови.
„Со Шкотска не очекува тежок меч. Имаат одлични фудбалери кои настапуваат во квлаитетни екипи од англиската Премиер лига (Свонси, Хал), потоа во Премиер лигата на Шкотска (Глазгов Ренџерс, Хартс, Абердин), а тоа е само потврда за нивниот квалитет. Но, ние и досега одлично се носевме со силни репрезентации и верувам дека и овојпат ќе биде така“, заклучи Милевски.