Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа 11 натпревари од 1/16 финале од купот на Македонија.
Моментално првиот на табелата во македонската прва лига, Пелистер едвај успеа да се пласира во 1/8 финале. Регуларно натпреварот заврши 2:2. а на пенали Пелистер беше подобар со 1:3. Беласица прва стигна до водство преку Аломеровиќ, а Мустафов израмни. Пелистер преку Главевски во второто полувреме стигна до предност, но во 85-та минута фудбалерите на Беласица израмнија и се изборија за пенали каде подобар беше битолскиот клуб.
Чаклани беше декласиран од Работнички со 1:6. Салиу беше стрелец на два погодоци за скопскиот клуб, а по еден постигнаа Бојан Најденов, Кире Маркоски. Милан Ристовски и Себастијан Херера.
Ренова на гости го совлада Еуромилк со 1:3. Новаци со погодокот на Марјан Котевски го совладаа Скопје со 2:1 и се пласираа во 1/8 финале. Турново го декласира Љуботен со 0:6, a Тетекс минимално го совлада Влазними со 0:1.
Академија Пандев убедливо со 5:0 го совлада прволигашот, Македонија Ѓорче Петров. Силекс славеше минимално со 0:1 против беровскиот Малеш, а Шкупи со 0:2 го совлада Вардар Неготино.