Македонскиот репрезентативец потпиша за шпански второлигаш


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативец се договори за трансфер во Гимнастик, шпански второлигаш.

22-годишниот голман минатата сезона ја помина во Б тимот на Гранада. Бараше клуб и Димитриевски се договори за трансфер во Гимнастик, клуб кој минатата сезона во втората шпанска лига го освои третото место, но не се пласира во Примера.

Димитриевски кариерата ја почна во скопскиот Работнички од каде се пресели во Удинезе. Македонскиот голман не доби шанса во италијанскиот клуб и беше испратен на позајмица во Гранада.