Македонските ракометари поразени од Словенија


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација го забележа вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако загуби Словенија со резултат 26-32.

Тимот предводен од Кире Лазаров го започна натпреварот со одличен ритам, и на половина од првото полувреме, успеа да постигне предност од шест гола (11:5). Како одминуваше времето, нашата предност се намалуваше, па на паузата заминавме само со еден гол предност (16:15).

Во второто полувреме, Словенија брзо ја анулираше нашата предност. Македонија претрпе пад во формата особено при крајот на натпреварот кога противникот успеа да направи серија од 5-1 и да заврши со убедлива победа од 32-26.

Филип Кузмановски беше најпрецизен со десет голови. Митев додаде пет, а Пешевски четири гола. Митревски забележа девет успешни одбрани.