Малдини: Јас сум најголемиот губитник во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе некое време нема фудбал, фудбалерите, сегашни и поранешни, поминуваат повеќе време на разни интервјуа.

Еден од оние беше Паоло Малдини, кој зборуваше за натпреварот што најмногу го здоболе во неговата кариера.

“Јас сум, всушност, најголемиот губитник во историјата. Да, јас освоив многу, но исто така изгубив три финалиња во Лигата на шампионите, едно финале на Суперкупот на Европа, три финалиња на Интерконтиненталниот куп, финале на Светскиот куп и финалето на Европското првенство”, рече Малдини.

Малдини беше член на Милан кој беше поразен од Ливерпул во 2005. година во Истанбул кога тие на полувремето имаа предност од 3-0, но беа поразени по изведување на пенали.

Тој исто така загуби во 1994. година по изведување на пенали против Бразил во финалето на Светскиот куп, а во финалето на Европското првенство 2000. година беше поразен од Франција.