Манчестер Јунајтед го купува 12 годишен Босанец

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед му понуди тригодишен договор на 12 годишниот Мујо Омеровиќ.
Омерковиќ, во овој момент со своите родители живее во Флорида.

Младиот фудбалер игра на позицијата напаѓач и на 25 натпревари минатата сезона постигна 25 погодоци. Потоа играше на турнир каде што беше еден од најдобрите фудбалери и токму таму доби повик од Манчестер Јунајтед.

“После еден контакт преку е-маил, ме повикаа во Манчестер и ми кажаа дека сакаат Мујо да потпише тригодишен договор. Ги прашав од каде знаат за мојот син, а тие ми одговорија дека редовно ги следат детските турнири. Сеуште чекам да ми се јават за да најдеме договор”– изјави мајката на Мујо.