Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста за продажба на Маркус Рашфорд, а според најновите информации, клубот би можел да биде отворен за понуди веќе за време на зимскиот преоден рок.
Напредокот на Рашфорд под водство на Рубен Аморим е забележителен, но Рашфорд наводно не е меѓу играчите кои се сметаат за незаменливи во тимот.
Една од главните причини за оваа можна одлука е неговата висока плата, што претставува значително оптоварување за буџетот на клубот.
Со заминување на Рашфорд, Аморим ќе добие средства за идни трансфери кои би можел да ги реализира уште во јануари.