Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер Сити влегува во период на значајни кадровски промени. Клубот од „Етихад“ активно работи на обновување на тимот, а тренерот Пеп Гвардиола се соочува со неминовни приспособувања за да ги запре негативните трендови во резултатите. Иако во текот на зимскиот трансфер период оваа сезона клубот потроши 212 милиони евра за доведување на четворица играчи, промените што Гвардиола ги спроведува сè уште не се завршени.
Во контекст на најавеното заминување на Кевин де Брујне, кој се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, спортскиот сектор на Манчестер Сити, предводен од Уго Виана и Чики Бегиристајн, идентификуваше потенцијална замена – Флоријан Вирц.
Според пишувањето на британскиот весник „Мирор“, англискиот првак покажува интерес за 21-годишниот германски репрезентативец и играч на Баер Леверкузен. Сити наводно е подготвен да понуди 117,5 милиони евра (100 милиони фунти) за неговото доаѓање. Исто така, се споменува можноста да му понудат повеќегодишен договор и значајни примања. Вирц во моментов е под договор со Баер до летото 2027 година.
Баер Леверкузен во моментов не планира продажба на Вирц и сака да го задржи, но фактот дека до сега не го продолжи договорот отвора простор за различни сценарија. Ако се одлучи за заминување, клубот ќе бара многу висока отштета. Во случај на сериозен интерес од повеќе клубови, се очекува дека неговата пазарна вредност може значително да се зголеми.
Падот на формата на Баер Леверкузен во текот на оваа сезона не влијаеше значително на индивидуалната статистика на Вирц. И покрај повредата на лигаментите на зглобот, одигра 39 натпревари, постигна 15 голови и имаше 13 асистенции.