Манчестер Сити успеа да го продаде Насри?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити, според информациите до кои дојде Л`Екип, ќе ги продаде Самир Насри во Примера.

Францускиот фудбалер не е во плановите на новиот менаџер Пеп Гвардиола, кој наложи Насри да се ствави на трансфер листа, а како што работите стојат, неговиот договор од Манчестер Сити ќе го откупи Севиља.

Влијателниот Л`Екип објави дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и дека трансферот многу брзо треба да биде реализиран, а овој момент не е познато колку тимот од Андалузија ќе мора да издвои на име оштета.

Договорот на Насри со Сити важи до лето 2019 година.

Освен Севиља интерес за неговите услуги уште покажаа Бешикташ, Милан, Рома и Интер.