Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Енди Мареј се пласира во полуфиналето на АТП во Лондон после тоа што денес славеше со 2:1 во сетови против Кајл Едмунд.
Мареј подобро го отвори натпреварот и во третиот гем направи брејк. Едмунд се врати во натпреварот во следниот гем. Мареј до крајот направи уште еден брејк и тоа беше доволно за 6:4.
Продолжението донесе подобра игра на Едмунд кој во вториот сет направи два брејка и го освои со 6:3.
Во одлучувачкиот сет Мареј победи со 6:1 и си осигура натпревар против Марин Чилиќ во полуфинале.