Мароканецот стигна во Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Мехди Бенатија стигна во Торино каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор со Јувентус.

Како што пренесоја англиските медиуми, Бенатија ќе се пресели на позајмица во Јувентус кој на крајот на сезоната може да го откупи договорот за 20 милиони евра.

Јувентус на друштвените мрежи објави фотографија од доаѓањето на 29-годишниот дефанзивец во лекарскиот центар на клубот.

Бенатија играше во Серија А во сезоната 2013/2014 каде играше за Рома и од таму за 26 милиони евра се пресели во Баерн.