Мата после Челси го фалеше Погба: Тој е еден од најдобрите во светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Хуан Мата го фалеше својот соиграч, Пол Погба после синоќешната победа на Јунајтед против Челси во ФА Купот.

Да потсетиме, Црвените Ѓаводило победија на Стемфорд Бриџ со 2-0 во 1/8 финалето од ФА купот, а стрелец на еден од двата погодоци беше Погба. Освен тоа, Французинот во поле играше многу добро, па следена бројни пофалби на негова сметка.

Еден од нив кој многу го цени тоа е Мата.

„Одлично асистираше во првиот гол, а го постигна вториот. Тој е многу комплетн, комплетен гирач. Добро е спремен, има квалитети, додавање, може да игра од шеснаесетник до шеснаесетник. Тој е еден од најдобрите, а денес го покажа тоа“, рече Мата

.

Инаку, Шпанецот исто така беше во првиот состав во синоќешниот меч, а на теренот помина 76 минути пред да го замени Переира.