Матеус го рече своето – Меси IN, Руни OUT!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После најновиот неуспех на репрезентациите на Аргентина и Англија, свој предлог како понатака и едниот и другиот, даде и легендарниот Германец Лотар Матеус.

Тој на Твитер посебно се наврати на предводниците на овие две селекции – Лео Меси, односно Вејн Руни.

Да потсетиме, Лео Меси после поразот од Аргентина од Чиле во финалето на Копа Америка го најави завршетокот на репрезентивната кариера, но Матеус смета дека најдобриот фудбалер на светот треба да ја промени таа одлука, бидејќи по негово мислење, Мундијалот во Русија без Лео Меси нема да има смисла.

Од друга странам кога е во прашање Вејн Руни, некогашниот тренер на Партизан смета дека фудбалерот на  Манчестер Јунајтед треба да стави точка нана играњето во репрезентацијата на Англија.

Матеус, имено, е уверен дека Руни не е вистински лидер на тимот, што се и покажа во натпреварот против Исланд во осмина финалето на ЕП, кога Англија е поразена со 2:1.