Мбапе се најде на списокот, но можеби ќе ги пропушти Исланд и Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе веројатно повторно ја повреди задната ложа во победата на ПСЖ над Галатасарај во групната фаза од ЛШ.

Одличниот млад Французин денес беше дел од списокот на репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство (против Исланд и Турција), но сепак би можел да ги пропушти.

Последната повреда на Мбапе не е сериозна, пишува Лекип, но поради неа лесно би можел да го пропушти натпреварот на ПСЖ против Ангерс кој се игра овој викенд,

Инаку, поради слична повреда Мбапе го пропушти натпреварот на Триколорите во септември. Повредата тогаш ја здоби на 25. август против Тулуз.