Мбапе се смири со Дешан, но го избра неговиот наследник!?


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Капитенот на француската репрезентација Килијан Мбапе се врати во националниот тим по шестмесечно отсуство и ја кажа својата желба за наследник на Дидие Дешан.

Актуелниот селектор на клупата на „триколорите“ е од 2012 година, а речиси сите Французи би се сложиле дека на репрезентацијата ѝ го врати идентитетот и ја постави на местото кое според мислењето на многу заслужуваат – на самиот врв на светскиот фудбал.

Сепак, не е тајна дека некогашниот фудбалер и тренер на Јувентус и Марсеј во блиското минато имаше несогласувања со предводникот и најдобриот играч на државата која ја води, Килијан Мбапе.

Во разговор за телевизијата „TF1“ некогашниот играч на ПСЖ откри дека би бил воодушевен доколку еден човек го наследи Дешан.

„Би ми било големо задоволство доколку Зинедин Зидан дојде. Би бил исклучително среќен, но тоа не е моја одлука. Не морам да докажувам дека го сакам, но го почитувам селекторот кој сè уште е тука“, изјави Мбапе и истакна дека Зидан отсекогаш го гледал како идол.