Мегваер, Погба и Лингард во финалето на младинскиот ФА Куп (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден Хари Мегваер стана најскапиот стопер во историјата на фудбалот потпишувајќи за Манчестер Јунајтед за сума од 93 милиони евра.

По повод тој трансфер на социјалните мрежи се појави едно интересно видео кое е направено пред седум години.

Во споменатото видео помеѓу актерите се Пол Погба, Џеси Лингард и Хари Мегваер.

Тројцата денешни соиграчи тогаш играат во финалето на младинскиот ФА Куп. Погба и Лингард и во тој натпревар се на иста страна, во дресот на Манчестер Јунајтед, додека Мегваер го носи дресот на Шефилд Јунајтед

Од другите актери во овој натпревар кои денес се славни може да се препознате главниот судија Мајкл Оливер.