Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од ден на ден пристигнуваат нови информации за статусот на Лионел Меси во Барса.
Некои тврдат дека си оди, други дека сигурно нема да ја промени средината, додека трети наведуваат дека апсолутно никој, па дури ни самиот Меси, не знае што ќе се случи во наредните денови.
Популарната Марка синоќа ја донесе информацијата дека Меси ќе остане во Барселона барем уште една сезона.
Наводно, биле извршени исцрпни преговори и било одлучено Аргентинецот да не оди, а секако најголем проблем за потенцијалните заинтересирани е обештетувањето во висина од неверојатни 700 милиони евра.
Ако тој сака да оди, ќе мора да оди на суд со Барса, што секако не му оди во прилог.
Манчестер Сити и ПСЖ покажаа желба да го доведат, но како слободен агент.
„Меси размислува да остане во Барса до летото, а потоа ќе замине без обештетување“, откри новинарот Мартин Аревало.