Месут Озил: Останувам во Арсенал до 2021. година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Месут Озил скоро и не добива никаква минутажа во оваа сезона во дресот на Арсенал.

Секако, со оглед на тоа дека не игра многу, но и поради тоа што навивачите не го симпатизираат многу заради недостатокот на борбеност на теренот, веднаш почна да се шпекулира дека Германецот ќе го напушти Арсенал.

Сепак од тоа нема да биде ништо, тоа го потврди и самиот Озил на Давид Орнстеин, новинарот кој нуди само веродостојни информации кога е во прашање Арсенал.

„Знам дека постојат понуди, но јас сакам да останам во Арсенал се до крајот на 2021. година. Вредно работам и тренирам за да го вратам своето место во тимот. Секако дека го почитувам Емери и неговата селекција на играчи, но секогаш кога ќе одиграме лошо против поголеми екипи, некако јас сум крив“, рече Месут Озил.