Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На турнирот во Струга, Металург во првиот пријателски натпревар ја запиша првата победа и тоа против романска Стеауа со 27:21.
Подобро стартуваше Стеауа со 3:0, но потоа ракометарите на Металург диригираа со натпреварот. На полувреме се отиде со предност од 5 погоди, 14:9. Второто полувреме Стеауа успеа да се доближи до три погодоци, но никако да направат пресврт или да израмнат. Металург на крајот славеше со 27:21.
Филип Талески со 7 погодоци беше најефикасен во Металург. Војислав Брајовиќ додаде 6 погодоци, по 3 погодоци постигнаа Нелоски и Пешевски. Петров и Кузмановски постигнаа по 2 погодоци, а по 1 постигна Костески и Марчец. Погодоци на натпреварот за Металург не постигнаа Матијашиќ, Печенковски и Димитријевски.