Мидлзборо го доведува синот на Зидан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми, синот на легендарниот фудбалер Зидан Енцо Фернандез може да ги засили редовите на премиерлигашкиот клуб Мидлзборо.

Енцо ги помина последните недела дена тренирајќи со првиот тим на Реал на подготовките во САД и одигра меч против Пари Сен Жермен (1:3). Досега одигра 34 меча за Реал Мадрид Кастиља и постигна два гола.

Англиските медиуми пренесоа дека повратникот во Премиер лигата ќе има конкуренција во Алкоркорн и Спортинг од Хихон, како и неколку неименувани италијански клубови кои го сакаат талентираниот 21-годишен.

Мидлзборо сериозно се подготвува за враќање во Премиер лигата, дојде Виктор Валдес и други имиња, а се зборува и за многу други звучни имиња.