Милан се договори со нов тренер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан наводно постигнал договор со нов тренер.

Нов тренер на Росонерите би требало да стане Марко Џампаоло, актуелниот тренер на Сампдорија.

Како што тврдат италијанските медиуми, овој 51 годишен стручњак со Милан договорил двегодишна соработка и наскоро сево ова би требало да стане и официјално.

Џампаоло со новиот договор ќе заработува 2 милиони евра годишно, а претставувањето ќе следи во почетокот на наредната седмица.

Овој искусен стручњак во кариерата водеше голем број на тимови. Трите претходни сезони ги помина во Сампдорија, а порано ги предводеше Емполи, Кремонесе, Катанија, Сиена и Каљари.

Тој на клупата ќе го замени Џенаро Гатузо кој си замина откако Милан не успеа да се пласира во ЛШ.

Најавени се и многубројни промени во тимот од Сан Сиро.