Мино Раиола започна со валкани работи: Измислил понуда само за Манчестер Јунајтед да го продаде Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Раиола е сигурно еден од најпознатите менаџери во светот на фудбалот, а застапува едни од најдобрите светски играчи.

Раиола се прослави кога го наговори Ибрахимовиќ да стане негов менаџер, а потоа тргна неговиот поход во светот на фудбалот.

Еден од нив е и Пол Погба поради кој Раиола го прекина својот летен одмор. Имено, Раиола сака да пронајде нов клуб за својот играч, односно Јунајтед да се согласи да го продаде на Реал Мадрид.

Шпански АС објави утрово дека Раиола започнат со „валкани“ работи околу Погба. Интерес за Погба покажаа и Јувентус и Реал Мадрид, но Раиола сака францускиот репрезентативец да потпише за кралскиот клуб.

Наводно, Раиола дури измислил и понуда од Јувентус за да го стави под притисок Манчестер Јунајтед кој не сака да го продаде Погба, На тој начин сака да го вклучи во игра Реал Мадрид кој нуди многу повеќе пари од Старата дама, но Јунајтед тоа го игнорира.

Раиола би заработил многу повеќе пари, доколку Погба премине во Реал, а резервна опција е да се врати во Јуве. Понудата на Старата дама не е толку добра како онаа на Реал, барем што се однесува до Раиола, а тој сам докажа дека нему најважно му е што повеќе да заработи.