Миралем Пјаниќ не е повреден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ ги загрижи сите во тимот на Јувентус кога во финишот на натпреварот помеѓу БиХ – Италија седна на теренот и Просинечки немаше друг избор, па мораше да го извади од  игра.

Ден после средбата на штабот на босанската репрезентација соопштено е дека Пјаниќ поради повреда нема да конкурира на средбата против Лихтенштајн.

Одличниот везен вчера се врати во Торино, а после консултација со лекарскиот тим установено е дека Пјаниќ не е повреден и тоа со сигурност многу го израдува Маурицио Сари.

Имено, бројните италијански медиуми пишуваат дека Пјаниќ пријавил повреда на адукторот, меѓутоа после прегледите констатирано е дека само се работи околу преморување на мускулите и дека не е во прашање повреда.

Јувентус со тренинзите ќе продолжи од утре. Во тренинг кампот ќе се појави и Пјаниќ и неговата состојба ќе биде под надзор со посебно внимание.

Според некои извештаи 29-годишниот фудбалер би требало да биде спремен и одморен за да го дочека натпреварот со Аталанта во сабота, но не се исклучува можноста дека Сари во Бергамо можно е да го поштеди еден од своите најдобри играчи.

Сметајќи на клубските и репрезентативните натпревари, Пјаниќ во досегашниот дел од сезоната настапи на 20 натпревари. За Јувентус тој ги одигра сите натпревари освен средбата со Џенова и тоа поради мерките за претпазливост на Сари бидејќи во претходното коло против Лече тој мораше да му направи замена во 67. минута кога исто така имаше проблем со адукторот.