Миралем Пјаниќ со порака на Инстаграм ја откри тајната на Јувентус: „Тоа не е случајно…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус синоќа на својот стадион го победија Милан со минимален резултат од 1:0 во дербито од 12. коло од Серијата А.

Јувентус повторно не беше сјаен со својата игра, но оно што е најважно за овој тим е тоа што успеаа да запишат нови три бода. Гол одлуката ја видовме во 77. минута кога стрелецот Пауло Дибала и донесе победа на Старата Дама.

Синоќа солиден натпревар имаше и Миралем Пјаниќ за кој ова беше 150 натпревар откако стигна во Јувентус на лето во 2016. година. Никој до сега во ростерот на Јувентус нема одиграно толку натпревари во последните три години.

Пјаниќ после победата сподели нов пост на Инстаграм и изјави дека Јувентус едноставно има менталитет како да дојде до победа и покрај тоа што не пружа партии какви што се очекуваат од него.

„Да знаете да победите во финишот никогаш не е случајно, тоа е одраз на квалитетот на тимот. Мило ми е што го носам овој дрес по 150. пат во својата кариера во Јувентус“, изјави Пјаниќ.