Млад фудбалер на Манчестер јунајтед доживеа страшна повреда, натпреварот веднаш беше прекинат


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Натпреварот од англискиот куп за играчи до 21 година синоќа беше прекинат и откажан поради страшната повреда на младиот фудбалер Секу Коне, кој остана без свест на теренот.

Младиот Коне, кој инаку е репрезентативец на Мали, претрпе сериозна повреда на глава додека играше за Манчестер Јунајтед против Тамворт.

Натпреварот, кој се одигра синоќа, беше прекинат во завршницата на првото полувреме кога младиот Коне претрпе сериозна повреда на глава по судир со спротивен играч. Веднаш изгуби свест.

Навивачите беа во шок и се молеа за младиот играч, кој 15 минути беше без свест. Итната помош брзо реагираше и му пружи потребна нега на теренот.

Деветнаесетгодишниот фудбалер беше изнесен со носилка и маска на лице. Потоа стигна објавата дека натпреварот е откажан.

За среќа, Манчестер Јунајтед се огласи неколку часа по натпреварот и соопшти дека Коне е свесен и во стабилна состојба.

„Можеме да потврдиме дека Секу е свесен, стабилен и комуницира со медицинскиот тим на Јунајтед. Од претпазливост тој беше пренесен во болница за дополнителни прегледи. Сите во клубот му посакуваат брзо оздравување“, објавено е од Манчестер Јунајтед.