Mладиот феномен на Милан оди во Зволе?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот клуб наводно е блиску да го доведе “бисерот” на Милан на позајмица.

Сензационална вест пристигна од Холандија! Управата на Зволе сака да го ангажира еден од најтелнтираните фудбалери во светот, Хашим Мастур.

Овој 18 годишен фудбалер се врати во Милан после едногодишната позајмица во Малага каде што одигра само еден првенствен натпревар.

Сега медиумите во Италија пренесуваат дека Милан би можел да го пушти Мастур во Зволе исто така на едногодишна позајмица.
Звучи неверојатно тоа дека Зволе во трката за овој фудбалер би можеле да победат клубови како Монако, ПСЖ и Ајакс кои исто така покажаа интерес.

Мастур е роден во Италија, додека неговите родители се Мароканци, па тој одлучи да игра за Мароко, иако одигра пет натпревари за кадатеската репрезентација на Мароко.

На 16 години и 363 дена стана најмладиот дебитант во историјата на Мароко.