Молк во Барселона, што е со Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа оствари победа во првиот натпревар од 1/4 финалето од ЛШ на гостувањето на Олд Трафорд со резултат од 1-0.

Каталонците можеа да платат висока цена за триумфот затоа што во еден момент Лео Меси се повреди, откако Смолинг го удри по лицето и му го расрвари носот, но сега пристигнаа добри вести.

„Беше тоа неугоден удар за Лео, мораме што побрзо да ја провериме сериозноста на повредата. Има модрици на окото, но тој е силен и мислам дека ќе биде спремен за наредниот меч“, изјави Валверде.

Наредниот викенд Барса ќе гостува кај Хуеска, а со обзир на 11 бодови предност во однос на Атлетико, постои можност Аргентинецот да одмори до реваншто со „Црвените Ѓаволи“.

Мечот на Камп Ноу е на програмата наредниот вторник.