„Моментално ме сакаат три клубови“

Алжирецот Ријад Марез откри дека за него се интересираат два до три светски клубови.

Сезоната на Марез од соништата донесе многу голема популарност, па така овој фудбалер на англискиот шампион е многу барана роба во ова лето.

Не е тајна дека Арсенал пробуваше да го доведе, но тој се одлучи да остане во Лестер.

Призна дека го сакаа многу тимови во минатиод период.

„Премиер лигата е супер лига и би сакал овде да останам колку што е можно. Сега постојат два или три клубови во светот кои ме сакаат, но тоа е се“, призна Марез.

Тој играше 90 минути во поразот на Лестер од Хал Сити (2:1) на отворањето на новата сезона.