Монако прочита лекција на ПСЖ и изби на врвот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако вечерва изненадувачки го совлада ПСЖ со резултат 3:1 и така го нанесе на шампионот на Франција првиот пораз во оваа сезона веќе во 3 коло.

Иако гостите од претстолнината имаа теренска иницијатива, Монако беше конкретен тим и на крајот е награден со сигурна победа. Мутињо во 13 минута го постигна голот за водство на својот тим од 1:0, а тој резултат беше на сила се до првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Давид Луиз тогаш направи пенал кој во гол го претвори Фабињо, а Монако на одмор отиде со одлична предност.

ПСЖ во натпреварот се врати во 63 минута кога Единсон Кавани намали на 2:1. Тргнаа гостите по израмнување но во 80 минута следеше нов шок за Емери, кога Орие го матираше Трап и така донесе на Монако победа од 3:1.

Монако со оваа победа изби на првото место на табелата од Лига 1 со седум бодови, додека ПСЖ го завзема четвртото место со еден бод помалку. Вреди да се потсетиме дека ПСЖ во целата минута сезона имаше два порази во 38 одиграни натпревари во Лига 1.