Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
“Тајмс” пренесува дека Жозе Мурињо со сите сили сака да се ослободи од Велшанецот, односно да го примара да замине од Јунајтед.
Медиумите кои не се наклонети на Португалецот ова го нарекуваат параноја, но изгледа дека Мурињо се плаши дека Рајан Гигс ќе му работи зад грб.
Велшанецот неколку пати беше прескокнат при изборот за прв тренер на Јунајтед, а беше помошник и на Мојс и на Ван Гал. Тој не само што нема да остане на позицијата помошник, туку наводно Мурињо барал и да не биде дел од неговиот стручен штаб.
“Специјалниот” не сака во тимот да има некој кој има амбиции во блиска иднина да стане менаџер, тој ја доведува во прашање лојалноста на Гигс. Смета дека доколку работите тргнат на лошо, Гигс ќе биде првиот кандидат за негов наследник.
Поради тоа на легендата која е скоро три децении во клубот и беше понудено тренирање на младинските категории. Со тоа практично би го одалечиле од важни работи, но и би го спречиле влијанието кое на него го имаат Фергусон и Боби Чарлтон.