„Мурињо е совршен избор на Манчестер Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку недели португалскиот стручнак Жозе Мурињо е избран за нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, изјави дека е воодушевен што Жозе Мурињо е избран за нов тренер на Црвените ѓаволи.

Легендарниот Бекс верува дека Мурињо може да ја врати титулата шампион на Англија на Олд Трафорд.

„Мурињо е совршен за Јунајтед. Тој за мене е еден од најдобрите менаџери на светот и доведувањето на него на Олд Трафорд е најдобар можен потег. Мило ми е што се врати во Англија, оваа лига заслужува еден ваков менаџер“, рече Бекам.

Бекам веќе неколку наврати изјавуваше дека челниицте на Јунајтед треба да го доведат Мурињо, а конечно од Олд Трафорд го послушаа.