Мурињо ги засука ракавите: Четири играчи пречкртани, два играчи под знак прашање


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е одлучен да направи ред во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Прво на удар ќе се најдат прекубројните.

Британските медиуми тврдат дека пречкртал четири играчи, а прв меѓу непожелните е никој друг туку Хуан Мата.

Интересно е дека Португалецот буквално го избрка Мата од Стенфорд Бриџ, а сега слично ќе направи.

Виљареал се покажа како најдобра солуција, а расплетот нестпливо го чека Евертон.

Втор на листата е Далеј Блинд. Холандскиот универзалец може да покрива повеќе позиции, но не е по вкусот на Мурињо.

Наводно за услугите на Блинд е многу заинтересиран Арсен Венгер.

На удар е уште еден дефанзивец, Маркос Рохо.

И самиот Аргентинец не е воодушевен од новиот менаџер, и не крие дека сака да го напушти Олд Трафорд.

Последни на листата е српскиот зет Бастијан Швајнштајгер. Мурињо планира Германецот да го замени со млад играч, а под знак прашање е иднината на Фелаини и Депај.