Мурињо го враќа ударот, „Специјалниот“ подготвува шопинг во Арсенал?

Дербито во Северен Лондон може да стане уште поинтересно ако се исполнат шпекулациите на англиските медиуми.

Наскоро би можеле да добиеме „нов“ Сол Кембел, но Мурињо има и интересни трансфер цели во спротивниот табор.

„Дејли мејл“ наведува дека Тотенхем наскоро ќе испрати понуда за Митланд-Најлс.

Тој е дете на Топџиите собра 20 настапи оваа сезона во Премиер лигата, беше редовен во Лига Европа и ФА Купот. Мурињо бара десен бек за замена за Серж Орие.

Поранешниот играч на ПСЖ скапо ги чинеше „петлите“ неколку пати, Орие е познат како играч со одлични физички карактеристики, но и како играч од кого секогаш може да очекувате неочекувано не во најдобра смисла.

Тотенхем верува дека понудата од 20 милиони фунти би била доволна за 22-годишниот Англичанец, ќе видиме што мисли Артета за тоа.