Мурињо ја губи трката со Шалке?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најновите информации кои пристигнуваат од Германија, момчето кое е голема желба на Жозе Мурињо кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата.

Како што дознава новинарот од една германската телевизија, Дирк Ширман, Шалке е многу блиску до доведување на Брил Емболо во својот табор.

Договорот наводно веќе е постигнат, но деталите и висината на трансферот сеуште не се познати. Се претпоставува дека понудата изнесува околу 20 милиони евра.

Репрезентативецот на Швајцарија кој се смета за еден од најталентираните фудбалери во Европа претходно се доведуваше во врска со Ред Бул Лајпцинг, Волфсбург и Манчестер Јунајтед, но најверојатно тој ќе заврши на “Велтинс Арената” во Гелзенкирхен.

Овој 19 годишен Камерунец зад себе има три одлични сезони во Базел со кој освои три титули шампион на Германија.