Мурињо ја расипува работата на Пеп: Јунајтед во трка за фантастичниот дефанзивец

Манчестер Сити значително подруго ќе изгледа во следната сезона под командната палка на Пеп Гвардиола.

Шпанецот сака да направи моќен тим, конкурентен на сите фронтови.

Голема желба е одличниот дефанзивец на Јувентус Леонардо Бонучи, за кој Граѓаните се спремни да издвојат и преку 50 милиони евра.

Меѓутоа, англиските медиуми утрово јавија дека во трката за репрезентативецот на Италија се вклучи и нивниот градски ривал, Јунајтед.

Очигледно Жозе Мурињо се одлучи да ги расипе плановите на Пеп, и да им го украде одличниот фудбалер.

На Олд Трафорд веќе стигнаа Бејли, Михтаријан, Ибрахимовиќ, а и Погба е на чекор од доаѓање.

Со Бонучи овој тим би бил можеби и главен фаворит за титулата.