Мурињо мисли дека Антонио Конте е најзаслужен за победата на Челзи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо вчера го запиша својот втор пораз во Премиер лигата од доаѓањето на клупата на Тотенхем.

Челзи ги совлада Спарси со 2:0 и така го спречи Мурињо да поврзе три победи по ред во англиското првенство.

Португалецот по мечот зборуваше и истакна дека голема заслуга за победата на Челзи ја има и Антонио Конте кој има свое влијание во системот кои Сините го играат последните две години.

“Беа подобри од нас во првото полувреме. Не ми е тешко да признаам. Играа во систем кои се многу растеретени. Системот со кој две години играа со Антонио Конте”, рече Мурињо по натпреварот.

“Многу нивни играчи се чувствуваа комотни во него. Алонсо, Аспиликуета, Канте, Вилијан, играчи кои играат многу добро во овој систем. Ни направија многу проблеми во првото полувреме, не беа проблеми од чисти ситуации за постигнување гол, но како што кажувате, со контролата која ја имаа.”

“Натпреварот се одигра на нашата половина. И покрај тоа што не создадоа многу шанси. Но на крај во право сте и лесно ми е да признаам дека беа супериорни. Но вие гледате за головите и тие не се резултат на супериорноста.”, додаде Португалецот.