Мурињо: Вака ја убиваме најдобрата лига во светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Мурињо на домашен терен беше поразена од градскиот ривал. Сините, имено, во мечот од 18. коло на Премиер лигата славеа со 0:2.

Головите за Челзи ги постигна Вилијан, во 12. минута и при самиот крај на првиот дел. Сепак, натпреварот го обележи исклучувањето на офанзивецот на Тотенхем, Сон.

Сон од лежење замавна со нога кон Рудигер, а иако не се чинеше дека е жесток контакт, одбрамбениот играч на Челзи падна на тревата “во агонија”.

По интервенција на ВАР, Сон беше исклучен, па Тотенхем од 62. минута беше со играч помалку.

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо веднаш по натпреварот кратко ја коментираше ситуацијата, а тоа повторно го направи и вчера кога потврди дека клубот поднесе жалба за црвениот картон на Сон и суспензијата која му следи која поради “неспортско однесување” значи и три меча пауза.

“Се надевам дека Сон нема да биде казнет и петти пат. Прво ова беше фаул од Рудигер…Втора казна е тоа што е исклучен, трета што нема да игра против Брајтон. Четврта што нема да игра против Норич. Петта би била пропуштање на мечот против Саутемптон. Се надевам дека доволно е што е казнет два пати, не заслужува уште три казни”, изјавил Мурињо.

“Мислам дека ВАР судијата Пол Тирни згреши. Ова е Англија, ова е Премиер лига, најдоброто натпреварување на светот, тоа си има свои карактеристики. Ако ги смениме, ќе ја убиеме лигата”, порачува Мурињо