Мурињо во потрага по засилување, едното е веќе спремно?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо и Тотенхем наводно веќе се спремни за првото засилување. Иако со Тотенхем веќе се поврзуваат неколку популарни имиња, трансферот кој наводно е во  завршната фаза нема да биде поврзан со голема звезда.

Football Insider пишува дека Тотенхем е спремен да го доведе стоперот од Норвич – Бен Годфреј во јануарскиот преоден рок.

Наводно Петлите за Годфреј се распрашуваа уште од летото, пред тој да го потпише новиот договор со Норвич Сити.

Меѓутоа Тотенхем никогаш не се откажа од 21-годишен дефанзивец и така тој остана на радарот на лондонскиот клуб за во јануарскиот преоден рок.

Секако, Тотенхем нема да биде без конкуренција со оглед на тоа дека младиот репрезентативец на Англија привлече големо внимание на себе во изминатиот период.

Треба да се напомене дека Норвич за трансферот на Бен Годфреј ќе бара сума од 25 до 30 милиони евра.

Тотенхем веќе некое време е во потрага за „домашно“ решение за штоперската позиција. Тоби Андервирелд и Жан Вертоген веќе влеваат во своите последни години од играчката кариера, па на Петлите им се потребни играчи кој во иднина ќе ја зајакнат последната линија.