Мурињо во три збора го опиша Ибрахимовиќ

Жозе Мурињо во наредната сезона повторно ќе соработува со Златан Ибрахимовиќ.

Португалецот после превземањето на тимот од Олд Трафорд се одлучи да го ангажира Златан Ибрахимовиќ, а шведскиот напаѓач според најавите за својот нов клуб ќе дебитира на 30 јули против Борусија Дортмунд или против Евертон на 3 август.

Мурињо е многу добро запознаен со квалитетите на Ибра и во разговор за странските медиуми го опиша во три збора.

„Златан во три збора? Победник, стрелец, забавен“, рече Мурињо и додаде:

„Морате да разберете. Тој е забавно момче и ако не го знаете, можеби ќе мислите дека е арогантен. Но не е . Така сум среќен што го имам во Манчестер Јунајтед, а и нормално, тој е среќен што повторно ќе работи со мене“, рече Мурињо.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ со Манчестер Јунајтед потпиша едногодишен договор после што по завршувањето на сезоната го напушти Пари Сен Жермен.