Мустафи ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Мустафи претрпе повреда на тетивата во финишот на полуфиналниот натпревар во ФА Купот против Манчестер Сити.

Фудбалскиот клуб Арсенал потврди денес дека Шкодран Мустафи бил на операција и дека ќе го пропушти почетокот на следната сезона.

28-годишниот фудбалер беше подложен на операција за да се залечи повредата и целта е да се врати на тренинзите во октомври, изјавија од Арсенал.