Мустафи објасни зошто ги избра Топџиите

Фудбалерот на Валенсија Шкодран Мустафи ќе потпише договор со Арсенал, пренесоа денеска германските медиуми.

Германски Скај пренесува дека Мустафи ќе потпише петгодишен договор со Арсенал, а дека официјално соопштение се очекува во вторник.

Мустафи во текот на кариерата играше уште за Евертон и Сампдорија.

За репрезентацијата на Германија дваесет и четири годишниот дефанзивец досега одигра 12 натпревари и освои СП во Бразил во 2014 година. Тој во ова лето играше на ЕП во Франција.

Албанецот роден во Германија е воодушевен што соиграч ќе му биде колегата од репрезентацијата Месут Озил.

„Зборавувавме. Ми се допаѓа се што слушнав од него во врска со Арсенал“, рече Мустафи.

„Арсенал не е типична англиска екипа. Ми се допаѓа нивниот стил. Ме радува што ќе играат во ЛШ и што ќе ме тренира таква величина како што е Арсен Венгер. Доаѓам во голем клуб, клуб со богата историја и со големи амбиции“, изјави германскиот репрезентативец.