На Баерн од Мадрид им стигна неверојатен предлог за Џејмс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова не се случува често.

Џејмс Родригез ова лето ќе ги напушти редовите на Баерн Минхен.

После двегодишната позајмица од Реал, управата на Баварскиот великан одлучи да не го откупи договорот за колумбијскиот фудбалер и тој ќе се врати во Мадрид.

Меѓутоа, на Баерн му стигна многу занимлив предлог поврзан со Џејмс, а го испрати другиот тим од Мадрид – Атлетико.

Јорганџиите имаат одличен однос со Баерн, па ќе пробаат преку нив да го извршат трансферот за репрезентативецот од Колумбија.

Наводно, Атлетико бара од Баерн да го купат Џејмс за 42 милиони евра, сума која Реал ја бара за него, а потоа тие да го откупат од Баварците за 60 милиони евра.

Раководството на овој тим не сака да влезе во преговори со градскиот ривал. Тие посакуваат Баерн да им излезе во пресрет во овој случај, а ова е неверојатен предлог кој досега не е виден.

Џејмс изминатите две години ги помина во Баерн. Сепак, очигледно е дека не ги задоволи вкусовите на овој тим и одлучено е неговиот договор да не се откупи.

Ќе биде интересно да се види дали на крајот Баварците ќе им излезат во пресрет на Атлетико со кој имаат многу добра соработка.

Џејмс оваа сезона во 28 натпревари за Баерн постигна 7 погодоци и запиша 6 асистенции.