На денешен ден Болт испиша историја во светската атлетик – рекордот тешко дека некој ќе го сруши!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јусеин Болт испиша нова страница во историјата на спортот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Тој важи за еден од најдобрите атлетичари и спринтери кои некогаш го практикувале овој спорт.

На денешен ден, 14 август 2016 година, Болт постигна успех што дотогаш немаше свој претходник.

Освои злато на 100м со време од 9,81 секунди, поставувајќи рекорд како првиот атлетичар со три последователни златни медали на Олимписките игри во оваа дисциплина.

Истите победи ги оствари и во Лондон 2012 и во Пекинг 2008, секојпат оставајќи белег со свои рекорди.