На Лука Јовиќ нема да му се допадне „признанието“ на Марка


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Реал Мадрид стигна до титулата шампион, но Лука Јовиќ не стана славен. Скапо платениот српски напаѓач може да замине на позајмица ова лето.

Читателите на популарната „Марка“ го одбраа најлошото засилување на сезоната.

Јовиќ доби дури 30 проценти од гласовите, додека Азар и Гризман се на второто место со по 19 проценти.

Борха Иглесијас собра девет проценти, Жоао Феликс седум, и Тиери Корела пет.

Јовиќ беше платен дури 60 милиони евра, а на 26 настапи постигна само два гола. Тој главно влегуваше од клупата.