Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Во шпанската Ла Лига, на никој не му одговараше паузата поради Ковид 19 како на играчите на Реал Мадрид.
Кралскиот тим има одиграно три натпревари од враќањето на најквалитетното фудбалско натпреварување во Шпанија и оствари три победи.
На тој начин, Мадрид стана единствениот тим во лигата што има 100% учинок откако фудбалот се врати во споменатата земја.
Освен нив, екипите на Виљареал и Барселона остварија солиден учинок. Жолтата подморница одигра четири натпревари, додека Каталонците одиграа исто како и Реал – три натпревари. Тимот од Ел Мадригал забележа три победи и нерешен резултат, а од стадионот „Камп Ноу“ две победи и еден нерешен.
Значи, во однос на бодовите, Виљареал има постигнато најмногу бодови од враќањето во лигата, но тоа е затоа што тие имаат натпревар повеќе од Реал.
Да се вратиме на кралскиот тим. Благодарение на споменатите три победи, мадриѓаните се вратија на лидерската позиција. Сега тие имаат ист број на бодови како Барса, но подобар меѓусебен дуел. Во следното коло, утре вечер, тие ќе играат против Мајорка на домашен терен и доколку нема големо изненадување, ќе ја постигнат својата четврта победа по ред.
До крајот на Ла Лига, остануваат уште осум натпревари и сигурно е дека нè чека многу возбудлива борба, како за шампионот, така и за европските натпреварувања и опстанокот.