Надал го повредил грбот, не настапи на виртуелниот турнир


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Рафаел Надал требаше да го одигра својот натпревар на виртуелен хуманитарен турнир во Мадрид во понеделник.

Во моментов, вториот тенисер на АТП листаа на крајот не го зеде џојстикот во рацете, поради повреда на грбот, соопштија организаторите на турнирот.

Надал требаше да го одигра натпревар против професионалниот гејмер и диџеј Марија, но не се појави во закажаното време.

„Мислам дека Рафа има проблем со грбот, па тој побара од нас да го префрлиме за друг термин“, изјави директорот на турнирот во Мадрид, Лелианико Лопез.

Легендарниот Шпанец треба да го одигра својот натпревар денес.