Најава на првото коло од Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дојде и долго очекуваниот ден за фановите на најдобрата фудбалска лига во светот, Премиер Лигата.

Се очекува сезона од соништата, сезона која ни нуди милиони и милиони фунти на теренот, сезона која ќе биде исполнета со најголемите фудбалски звезди. Исполнета со фантастичен фудбал, со неизвесност, со борба до последен миг.

Многу светски познати новинари оваа сезона ја ставаат како една од најнеизвесните во историјата на англискиот фудбал.

Титулата ја брани Лестер, кој минатата сезона никна од некаде, руши се пред себе и освои титула, дали годинава ќе успее да ја одбрани, или некој од големите тимови пак ќе ја украде од рацете на Раниери или пак ќе се појави нов Лестер?

Колото го отвараат Хал и Лестер, во Сабота во 13:30 минути. Хал се доста ослабнати, дури фудбалските експерти веќе ги сметаат како еден од трите тима кои ќе отпаднат. Многу ќе е тешко, бидејќи не се засилија со ништо, сеуште немаат тренер, а и продадоа голем дел играчи. Лестер пак токму против нив влегува во одбраната на историската титула.

Во традиционалниот термин во сабота од 16 се играат 5 натпревари.

Барнли – Свонси, послаб и не толку интересен натпревар од првото коло.

Кристал Палас – ВБА. Палас сеуште гризе за доведување на Бентеке, ВБА имаат нов газда. Палас изгубија неколку клучни играчи и сега газдите сакаат да го доведат Бентеке по секоја цена.

Евертон – Тотенхем. Едно е јасно, Лукаку ќе игра против Тотенхем, но дали и во продолжението ќе остане во Евертон. Стоунс го нема но стигна Вилијамс. Нема многу промени кај Евертон, влегуваат како фаворити во овој дуел според мене.

Мидлзборо – Стоук. Новиот премиерлигаш, Мидлзборо во новата сезона влегува против Стоук.

И последниот натпревар од тој познат термин е Саутемптон – Вотфорд.

Последниот натпревар во Сабота од 18:30 се игра во Манчестер. Каде што пре-богатиот Сити се очекува да го сруши тимот на Сандарленд.

Во недела од 14:30 Бурнмут го пречекува дрим-тимот на Мурињо. Милионите на Мурињо се очекува да го срушат Бурнмут и се апсолутни фаворити, без размислување.

Прво коло, прво дерби. Недела 17:00, сите пред телевизор, на Спорт Клуб, Арсенал кој не потроши скоро ништо досега против Ливерпул, на Емирати. Интересно е кога во првото коло се судираат два тима како Арсенал и Ливерпул.

Последен натпревар од првото коло на сезоната е во Понеделник од 21:00 на Стемфорд Бриџ каде што Челси го пречекува тимот на Билиќ, Вест Хем кој ова лето прават добри трансфери и се очекува да бидат „трн во око“ на сите тимови.

Премиер Лигата ќе можете да ја следите секако на добро познатото место, Спорт Клуб.